Веќе пет години специјализираната продавница за галантерија за мобилни телефони „Big mobile“ ги снабдува охриѓани со галантерија за мобилни телефони.
„Big mobile“ нуди најголем избор на кабли, полначи, заштитни стакла и футроли за мобилни телефони со дезени за сите возрасти од 7 до 77, како и најширок избор на галантерија за телефони за деца и уникатни футроли со ексклузивни дезени, по што оваа продавница е позната и надвор од Охрид.
Освен во продавницата на добро познатата локација на булевар „Туристичка“, веднаш до ординацијата „Дарон“, богатата понуда на галантерија за телефони на „Big mobile“ може да се види и на Фејсбук и Инстаграм.
По повод петтиот роденден, во „Big mobile“ денеска има големи попусти од 10 до 50%. На попуст е целокупната галантерија за мобилни телефони, кој ќе трае во текот на целиот ден.
Роденденот на „Big mobile“ е среќен за сите, затоа не пропуштајте ја можноста да го подновите вашиот мобилен!
Фото галерија:
Пет години „Big mobile“ и големи попусти на галантерија за телефони!
OhridNews
Фото: А. Момироска









































