Заводот за лекување, првенција и рехабилитација на кардиоваскуларни болести од Охрид со свеченост што ќе се одржи на 24-ти јуни ќе ја одбележи петгодишнината од воведување на интервентна кардиологија во своето работење и 5000-та интервенција.

По тој повод свечено обраќање ќе има директорот на здравствената установа Д-р Никола Бакрачески, кој ќе се осврне на почетоците, развојот и достигнувањата на болницата која од година во година бележи се подобри резултати.

Годишно во кардиолошкиот завод во Охрид
се вршат околу 15.000 амбулантни прегледи, преку 30.000 дијагностички
процедури и се обавуваат од 1500 до 1700 интервенции, од што околу 350
се животозагрозувачки. Болничкиот престој во установата од 19 дена во
2005 година со воведување на нови методи на лекување е скратен на 9
дена, а болничкиот персонал континуирано ги следи светските трендови во кардиологијата преку обуки и специјализации во странство.

Заводот за лекување, првенција и рехабилитација на кардиоваскуларни болести од Охрид е една од ретките здравствени установи во земјата која има научен клуб каде секоја среда се презентираат новините во кардиологијата и клуб за едукација на пациенти кој работи три пати неделно.

OhridNews