
Петгодишнината од загинувањето на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски ќе биде одбележана со полагање цвеќе и повеќе пригодни манифестации во неговата родна Струмица и во Скопје.
Традиционално годишнината од смртта на Борис Трајковски ја одбележуваат и алпинистите од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои минатиот петок тргнаа на петдневен планинарски марш до Скопје, каде што по изминатите 200 километри ќе се поклонат пред вечниото почивалиште на претседателот Борис Трајковски.












