Теквондо клубот “Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид со десет натпреварувачи ќе  учествува на Меѓународниот турнир за младинци под 18 години кој ќе се одржи викендов во бугарскиот град Перник.

Пет од натпреварувачите се искусни додека преостанатите пет за прв пат ќе настапат надвор од границите на Македонија. За искусните турнирот во Бугарија ќе биде нов тест за квалитетите а за дебитантите прилика да се почуствува мирисот од меѓународните борби.

Тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски изјави дека очекува возбудливи и интересни борби и добри резултати од своите избраници. Тој му се заблагодари на генералниот спонзор ПН Метал кој несебично го поддржува клубот.

OhridNews