Пет кандидати влегуваат во трка за градоначалник на Општина Дебрца, меѓу нив Љупчо Паункоски од СДСМ и Коалицијата, Златко Силјаноски од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, актуелниот градоначалник Зоран Ногачески како независен кандидат, Димче Андрески како независен кандидат и Даниел Огненоски од Коалицијата „Искуство за успех“.
Во поглед на советничките листи поднесени се седум и тоа од СДСМ и Коалицијата предводена од Даниел Тороманоски, Македонски концепт предводена од Борче Јончески, Независна листа предводена од Тане Јанески, Левица предводена од Димче Тренески, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата предводена од Иван Стрезоски, Граѓанска иницијатива Грин предводена од Крсте Јорданоски и Коалицијата „Искуство за успех“ предводена од Ромео Печоски, потврдуваат од ОИК Дебрца.
Локалните избори за градоначалници и советници во општините ќе се одржат на 19 октомври. Според роковникот објавен од Државната изборна комисија во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.
Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови согласно со членот 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето.
Н.С.Ј.