Светската куќа на фудбалот (ФИФА) соопшти дека прифатила пет кандидатури за изборите за претседател кои ќе се одржат на 26 февруари.
Во игра да го наследат Сеп Блатер се јорданскиот принц Ал бин ел Хусеин, шеикот Салман бин Ибрахим, Жером Шампањ, Џани Инфантино и Токи Сексвејл.
И првиот човек на УЕФА, Мишел Платини сакаше да се кандидира, но комитетот на ФИФА му изрече осумгодишна забрана во фудбалот поради скриени трансакции со досегашниот претседател Сеп Блатер.
OhridNews











