Пет фудбалски стручњаци се кандидати за местото селектор на Англија, откако позицијата остана слободна по оставката на Сем Алардајс.
Меѓу потесните кандидати се наоѓаат менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, менаџерот на Бурнмаут, Еди Хау, предводникот на Кристал Палас, Алан Пердју, селекторот на младата селекција Герет Саутгејт и Стив Брус кој моментално е без ангажман.
„Биг Сем“ наседна на новинарски трик од англиските медиуми, откако новинар се престави како бизнисмен и разговараа за чувствителни теми во фудбалот.
После објавување на видео разговорот Алардајс ја понуди својата оставка до Англиската фудбалска федерација која му ја прифати.
До назначување на нов селектор, „гордиот албион“ ќе го предводи Саутегејт кој е меѓу кандидати за позицијата селектор.
Сем Алардајс по брза постапка разрешен од функцијата селектор во Англија (видео)
Англискиот селектор Сем Алардајс сам си ја загрози својата иднина (видео)
OhridNews