
Македонските новинари Светскиот ден на слободата на печатот утре ќе го одбележат со протест што под мотото „За достоинство на новинарите, за достоинствена професија“, што ќе се одржи на плоштадот Македонија во Скопје.
Состојбата со слободата на медимите во Македонија најдобро ја отсликува ранг листата на „Фридом Хаус“ која земјата ја смести во делумно слободни држави.
Македонија е рангирана на 98 место, од вкупно 195 држави, а од земјите во регионот зад нас е само Албанија.












