Асот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе паузира пет натпревари во шпанскиот фудбал. Португалецот суспендиран е поради неспортското однесување со главниот судија Рикардо де Бургос на мечот помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Ноу Камп во рамките од Супер купот во Шпанија.

Роналдо го турна главниот судија незадоволен од одлуката да му додели втор жолт, автоматски црвен картон поради симулирање во казнетиот простор. Португалецот ќе го пропушти реваншот со Барселона и првите четири натпревари во Ла лига.

OhridNews