НУ Библиотека „Григор Прличев“ на полиците има пет нови книги – бестселери кои сигурни сме дека ќе го привлечат вниманието на нашата читателска јавност, особено на нашите членови, информираат од Библиотеката.

Од денеска можете да ги побарате следните наслови: „Ќерката“ од Луси Досон издание на Книгохоличари, „Шефот од соништата“ од авторот Вај Киленд, „Од жарјето“ од Али Мртинез, „Очи од сребро, очи од злато“ Елен О Конел, „Месечарот“ од Себастијан Фицек сите во издание на Сакам книги, велат.

Потсетуваат дека годишната членарина во библиотеката за возрасни е 300 а за деца 200 денари, а  Одделот за зајмување работи од понеделник до петок од 8:30 до 16:00 часот.

OhridNews