Со голот на Џошуа Кимих во 88-та минута, Баерн Минхен го совлада Хамбургер (1-0) и го освои целиот плен на „Волкс Парк“ стадионот.


„Баварците“ со триумфот во Хамбург против истоимената екипа го продолжија победничкиот низ во Бундес лигата кој трае од почетокот на сезоната.

Иако трите бодови ги освоија со гол во финишот, гостите од Минхен доминираа во текот на целиот натпревар и благодарение на домашниот голман, Рене Адлер издржаа до 88-та минута.


Резултати: Аугзбург – Дармштад 1-0, Борусија Менхенгладбах – Инголштад 2-0, Ајнтрахт Франкфурт – Херта 3-3, Хамбургер – Баерн Минхен 0-1, Мајнц – Баер Леверкузен 0-0, Вердер Бремен – Волфзбург.

Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Борусија Дормутнд 12, Келн 10 (-1), Борусија Менхенгладбах 10..

OhridNews