Манчестер Сити со победата над Бурнмаут (4-0) го задржа стопроцетниот ефект победувајќи и во петтиот натпревар од Премиер лигата.
„Граѓаните“ дилемите околу победникот ги решија во првите 25 минути од натпревар со головите на Кевин Де Брујне и Ихеначо.
На стартот од вториот дел англискиот репрезентативец Стерлинг зголеми на 3-0, а со дебитанскиот погодок Германецот, Гундоган го запечати триумфот.
Резултати: Хул – Арсенал 1-4, Лестер – Барнли 3-0, Манчестер Сити – Бурнмаут 4-0, ВБА – Вест Хем 4-2, Евертон – Мидлзброу.
OhridNews