Лидерот на табелата во Серија А, Интер прокнижи нови три бодови победувајќи го составот на Верона со 1-0 на Џузепе Меаца.
Херој на „нероазурите“ беше фудбалерот за врска Филипе Мело кој погоди во 56-та минута за петта победа по ред во калчо лигата.
Во прилог на Интер оди неочекуваното реми на Јувентус 1-1 со Фросиноне и поразот на Рома во Џенова од Сампдорија 2-1.
Резултати : Капри – Наполо 0-0, Киево – Торино 1-0, Фиорентина – Болоња 2-0, Интер – Верона 1-0, Јувентус – Фросиноне 1-1, Лацио – Џенова 2-0, Палермо – Сасуоло 0-1, Сампдорија – Рома 2-1.
Табела : Интер 15, Фиорентина 12, Сасуоло 11, Верона 10…
Мх.П.











