Три златни одличја, едно сребрен и еден бронзен медал е учинокот на охридските атлетичари на Поединечното првенство на Македонија за младинци и младинки кое се одржа изминатиов викенд во Охрид.

 

Два од трите златни медали освои Марија Јованоска од Атлетскиот клуб Охрид, која беше најбрза во спринтерските дисциплини. Јованоска триумфираше на 100 и 400 метри. Стефанија Ристеска победи на 110 метри со пречки.

 

Наум Танески од Атлетскиот клуб Охрид трчаТ заврши на втората позиција во трката на 5 000 метри а на истите третопласиран финишираше Дејан Ангелоски.

 

Во најкраток временски рок треба да се денифира составот на атлетскатамакедонска репрезентација за учество на Балканското првенство во Романија.

OhridNews