Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените речни води во Струга.
Чакарески кој прв пат го фаќа светиот крст очекува здравје, среќа, љубов.


Ова е нешто што не прави посилни, не прави подобри луѓе, не прави подобри верници, бидејќи ова е моментот кога Бог се јавил и тоа во сите свои три лика. Честитки за победникот, но и за сите, и оние кои се натпреваруваа, и оние кои го следа како мене. Гледате колку е силна вербата. Гледам одовде до другиот мост скокаат луѓето. Се разбира не е можно секој однив да го фати крстот, ама можно е да влезе во осветените води и да биде среќен. Мислам дека ова е нешто што не прави посилни, не прави подобри луѓе, не прави подобри верници, бидејќи ова е моментот кога Бог се јавил и тоа во сите свои три лика, изјави Сиљановска-Давкова.
Чинот на осветување меѓу големиот број верници го следеа и градоначалникот на општина Струга Менди Ќура, министри, пратеници….
Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Струга почна утрово во 7 часот и 30 минути со богослужба во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде тргна литијата кон Чаршискиот мост каде што беше извршен и чинот на осветување на водите во реката Црн Дрим.
OhridNews











