Првиот човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски заминувајќи од седницата без никаква најава и причина не дозволи да се гласа за неговата позиција во куќата на кошарката.

Иницијаторите за негова смена бурно реагираа за одлуката да замине и да не остане до крај на седницата во која дополнително беше вметната точката за гласање за неговата (не)доверба.

– Како играч не се плашев против никого, а така ќе биде и овој пат. Истото го барам и од иницијаторите за моја смена. Натпреварот е закажан ве чекам да излезете на терен. – рече Наумоски пред да ја прекине и напушти седницата.

Иницијаторите за смена на Наумоски од чело на МКФ треба да соберат третина потписи од делагатите и да свикаат Вондредно собрание на кое може да се разговара за промена во куќата на кошарката.

OhridNews