Со оваа порака Црвениот крст Охрид и СВР Охрид денеска во центарот на градот, ја реализираат акцијата за превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства.
Припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.
Употребата на пиротехнички средства е опасна и се казнува! – посочија организаторите на акцијата.
Во рамки на активноста ќе биде изведена и показна вежба на повредени од експлозија на петарди со приказ на повреди на екстремитети од експлозијата и укажување на прва помош при таква повреда, од страна на парамедиците на Црвен крст Охрид.
„ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКА“ е пораката која организаторите на овој настан ја упатуваат до децата, но и до родителите, со апел за безбедни Новогодишни и Божиќни празници.
OhridNews
















