Празникот Св. Климент Охридски, заштитникот на Охрид, оваа година ќе биде одбележан со низа културни манифестации и случувања кои ќе започнат на 5-ти декември и ќе траат до 9-ти декември. Свечената академија на која ќе бидат доделени највисоките општински признанија, наградата и повелбата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид, оваа година ќе се одржи во хотелот Инекс на 8-ми декември.

05.12.2017 г.(вторник)

20.00 часот
• Премиера на театарската претстава „БААЛ“ од Бертолд Брехт во изведба на Охридскиот театар
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ (мала сцена)

06.12.2017 г. (среда)

18.00 часот
• Музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“
Место: ОМУ „Методи Патче“ 

19.30 часот

• Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“
Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“ 

07.12.2017 г. ( четврток)

12.00 часот
• Промоција на книгата „Слова за Свети Климент Охридски“ од проф. д-р Димитар Пандев
Место: Општина Охрид ( голема сала)

18.30 часот
• Традиционална изложба на фото-клубот „Охрид“
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ( изложбен салон)

19.00 часот
• Традиционална изложба на роднокрајни ликовни уметници
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“( галерија)

19.30 часот
• Свечена приредба по повод патрониот празник на ОСУ„Св.Климент Охридски“
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“

08.12.2017 г. ( петок)

11.00 часот
• Поклонение пред моштите на свети Климент Охридски
Место: Светиклиментовата црква на Плаошник

11.30 часот
• Полагање свежо цвеќе на споменикот на „Св. Климент Охридски“
Место : ОУ „Св.Климент Охридски“

12.00 часот
• Полагање свежо цвеќе на споменикот на „Св. Климент Охридски “
Место : Градски плоштад „Св.Климент Охридски“

20.00 часот 
• СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА – по повод Денот на градот Охрид – Св.Климент Охридски
Место : х. „Инекс – Горица“ (дијамантска сала)

09.12.2017 г. ( сабота)

12.00 часот
• Хуманитарен музички хепенинг (рок-мобилизација во чест на Св. Климент Охридски), во организација на ОО Црвен Крст – Охрид
Место : Градски плоштад.

OhridNews