Бројни граѓани се потпишуваат на петицијата која деновиве „кружи“ на социјалните мрежи, иницирана од непочитувањето на Законот за забрана на пушење во затворен простор. Како што потенцираат иницијаторите на петицијата, државата има закон, но тој не се имплементира онака како што треба.

Се работи за нашето здравје и здравјето на нашите деца, каков пример им се дава на младите генерации, велат иницијаторите.

Од владата велат дека здравјето на граѓаните е приоритет и дека актуелниот Закон многу јасно уредува во каков тип на полуотворени објекти се дозволува пушење. Оттаму, додаваат дека не постои целосна либерализација на пушењето во затворени простори и ги повикуваат инспекторите да извршат проверки, а угостителите да го спроведуваат актуелниот закон во целост.

OhridNews