Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, поддржана од многубројни организации, покрена петиција за спас на Преспанско Езеро со конкретни барања до Владата.
Сведоци сме дека во последните неколку децении нивото на Преспанското Езеро драстично се намалува (~8 m) што значи повлекување на езерото од повеќе десетици метри на некои делови. Во моментот, нивото на Преспанско е најниско од кога се вршат мерења (1917 г.) што е цел еден век и состојбата е крајно алармантна. – велат иницијаторите на петицијата.

- Бараме итно и неодложно да се прогласи кризна состојба на целото подрачје на сливот на Преспанското Езеро.
- Бараме најитно формирање научно/техничка комисија за спас на Преспанското Езеро која ќе ја проучи ситуацијата и ќе предложи итни мерки за подобрување на состојбата најдоцна за 10 дена од објавувањето на петицијата.
- Бараме Владата итно да иницира меѓудржавна средба на експертско ниво заедно со релевантни организации вклучени во Преспанскиот Регион која координирано ќе работи на проблемот.
- Бараме Владата да дефинира фазен план за спас на Преспанско Езеро со јасно утврдени рокови.
- Во согласност со начелата од Архуската конвенција преточени во националната легислатива, информациите за планот и сите преземени активности седмично да се ажурираат на веб-страницата на МЖСПП и да бидат лесно достапни за јавноста.
Петицијата може да ја погледнете тука.
OhridNews












