Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија петкоска, на денешната прес конференција упати критика до градоначалникот и директорот на МЈП Проаква-Водовод Охрид за недомаќинско работење.

  • Дали е во ред да потрошат преку 100.000 евра пари на граѓаните за да поделат К-15 на вработените додека охриѓани мака мачат со основните потреби за живот? Парите се потрошија, а проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени. Зошто им го ускративте тоа на жителите на улиците „Абас Емин“, „Бекир Али Риза“ и дел од „Македонски просветители“ коишто мака мачат цело време со водата? Жителите од Стар град, Кошишта и улицата „Кирил и Методиј“ очекуваа решавање на проблемот со водата, а не цела сезона заедно со туристите да се соочуваат со немање притисок и да остануваат без вода, рече Петкоска.

Додаде дека проблемот со водоснабдувањето сеуште не е решен и во селата Лескоец, Лакочереј, Подмоље и Ливоишта.

  • Локалната власт зема лош пример и учи од централната која пак наместо одобрување на системот за третман на отпадни води за сите населби во сливот на Охридското Езеро со ребалансот крати 186.500.000 денари на име проект за водоснабдување и одведување на отпадни води, рече Петкоска.

OhridNews