Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвнуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.
- Зошто покрај забраната и спротивно на законите повторно и повторно се одлага ѓубре на Мауцкер? Ова ли се современите стандарди за одлагање отпад? Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето. Зошто Георгиески не бара одговорност од директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Љупчо Грданоски за што ги потрошија парите за дислокација на отпадот?, рече на денешната прес конференија Лидија Петкоска, претседателка на УЖ Охрид и советничка во советот на општина Охрид.
Според Петкоска, градоначалникот и локалната власт создаваат проблеми наместо да вложат напори за изнаоѓање на Локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад со што би се решил проблемот со дивите депонии во околината.
OhridNews












