Претседателката на УЖ и советничка Лидија Петкоска, на денешната прес конференција ја обвини актуелната локална власт дека не реализирала низа ветени проекти од областа на инфраструктурата.

Меѓу нив, Петкоска ги наброи изградбите на фекална канализација во населба Рача (краци меѓу регионален пат Охрид – Св.Наум и патека покрај Охридско Езеро), изградбата на улична фекална канализација на краци во селата Велгошти и Пештани; на улична фекална канализација и пречистителна станица во село Трпејца, како и преприклучувањето на нова фекална канализација на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“;

  • Улиците „7 Ноември“, „Егејска“, „Васил Главинов“, „Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“, „Веле Марко“, „Александар Гушо“  и „1 Мај“ ќе причекаат за изградба на атмосферска канализација; не се изработи проектна документација за фекална и атмосферска канализација; не се изврши нивелирање и чистење на канализциона мрежа и шахти и не се променаа капаци, рече Петкоска.