Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска со низа обвинувања до вд градоначалникот, како што вели, поради дадени, но неисполнети ветувања во однос на подобрување на инфраструктурата во градот.
Во населбата Видобишта беше ветено асфалтирање на улицата „Прва македонска ударна бригада“, изградба на тротоари и нејзино улично осветлување. Зошто се’ уште не е реконструирано детското игралиште кај Стобекс? До кога жителите ќе очекуваат непречено функционирање на месната организација? Нема никакво поставување на улично осветлување на улицата „Малесија“. Ќе почека и реконструирањето на уличната мрежа на споредните улици во населбата. За целиот овој период не успеаја да се постават барем хоризонтални ограничувачи на брзината на улицата „Момчило Јорданоски“, рече Петкоска на денешната прес конференција.
Според неа, приоритет на актуелната локална власт не е конкретна помош за граѓаните, туку вработување партиски и роднински кадри.
OhridNews












