Во овој момент сакаме да ги запрашаме министерот Венко Филипче и в.д градоначалникот Константин Георгиески, дали пред да застанат да се сликаат во ЈЗУ „Општата болница“, поразговараа барем со еден пациент кој чека низ ходниците, за да ја слушнат вистината за состојбите во здравството?, рече на денешната прес конференција Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

  • Дали министерот Филипче беше информиран од директорот на Болницата за фактот дека во истата веќе три месеци нема ленти за мерење на дијабетес? Како министре Филипче и градоначалнику Георгиески дијабетичарите да ја следат својата здравствена состојба, кога не им го давате нити она што им следува-во случајов ленти за контрола на шеќерот во крвта? Должен ли е пациентот од свој џеб да издвои дополнителни 1000 денари за сам, приватно да си ги набави овие ленти?, праша Петкоска

Таа им порача- доколку немаат способност за менаџирање на институциите, да се повлечат и препуштат работата на оние кои знаат како се работи.

OhridNews