Петковски : “Апсолутната победа на Груевски треба да биде предизвик за левицата“
06.07.08 00:01
“Левиот блок политички партии мора да се врати на политичката сцена заради демократските процеси и иднината на Република Македонија и заради политичкиот баланс во државата. Апсолутната власт на Груевски и фактот што освои 26 проценти од електоратот во Македонија е најголемиот предизвик на левицата” изјави претседателот на Новата социјалдемократска партија на Македонија, Тито Петковски кој синоќа во Охрид одржа трибина за актуелните состојби во државава.
Како што рече Петковски, трибината се одржува во вистинско време кога треба да се анализираат пост-изборните состојби. “Ова е време кога треба да носиме релевантни политички одлуки. Пред нас се локални избори, но се подготвуваме и како опозиција во парламентот, додаде тој.
Како причина за отворени разговори со членството, претседателот на НСДП ја посочи и актуелната внатрепартиска состојба, формирањето нова партија на дел од членовите, како и наговестувањето за формирање на уште една нова партија од страна на дел од раководството.
Петковски, вакви трибини одржува во повеќе градови од државава.
Икона Жива легенда И двете дефиниции важат за Марко Бејли, самоук диџеј и продуцент чија кариера започна да се развива кон крајот на 80-тите, откако присуствувал на забава во локален клуб во негова...
Македонија е држава што знае да ги почитува вистинските вредности и задоволство ми е што денес сум присутен меѓу вас Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, а „малите јазици“ прав...
Моштите на Светите Зосим и Јаков во манастирот Тумане, денес по повод празникот посветен на светците, беа украсени со нови филигрански влечки и ракавици, дело на охридскиот занаетчија Михајло Филев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.