Јавното претпријатие “Билјанини Извори“ ќе организира турнир во фудбал за “петлиња“ што ќе се одржи од 17 (петок) до 19 (недела) јуни. Од Охрид ќе земат учество четири екипи, ЕвроФудбал, Јуниор 2010, Фк Фер Плеј и Премиер додека гости на турнирот се Пелистер, Форца, Работнички и Македонија ЃП.

Со овој турнир сакаме на младите да му го приближиме спортот поблиску. Имаме две цели во оваа работа, на децата мораме да му го вметниме спортскиот дух.  Турнирот сакаме да стане традиција и наредната година да повикаме гости и од соседните земји – изјави Гордана Јованоска.


Турнирот е “главна проба“ за тоа што тренирите од фудбалските школи работат низ целата година.

Во одличен период е турнирот кога “школската“ година е завршена. Пред се сакам да го потенцирам дружењето со нивните врсници, од разните клубови. Се надевам дека со ваков на начин на работа се повеќе деца ќе инволвираме во спортот – смета Игор Настоски, тренер на фудбалскиот клуб “Фер Плеј“.

Организаторот ќе додели награди за трите првопласирани екипи како и за најдобриот играч, најдобриот стрелец и најдобриот голман. За сите учесници на турнирот ќе се доделат дипломи како потврда за учеството на турнирот.

Мх.П.