Вчера 16.30 часот во СВР Охрид, на улицата „Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 56-годишен жител на Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 50-годишен охриѓанец.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“ (75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле уште четири лица од истото возило, меѓу кои и еден малолетник од Охрид.
На местото на незгодара извршен е увид.
OhridNews











