2012 беше најтешка година од осамостојувањето на земјава“ – изјави првиот човек на општина Охрид, Александар Петрески. Според него, лошата економска состојба која ја означи годината која веќе е зад нас, ја чувствуваат сите граѓани, компании и фирми не само во Охрид, туку во целата земја.

Ако на граѓаните им беше тешка, не може лично мене да ми биде добра. Во однос на тоа, се научивме на инспекции и полиција кои како да беа вработени во општината. Имаше многу непотребни притисоци, но на крај успеавме да се справиме со тоа.“ – вели градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески.

Тој се надева дека во новата година, земјава ќе има повеќе демократија, а економската криза ќе биде надмината. „Се надевам дека оваа година во Охрид и земјава ќе имаме повеќе демократија, а економијата еднаш ќе тргне по нагорна линија. Така охриѓани повторно би биле задоволни, а невработеноста намалена.“ – додава Петрески.

OhridNews