
На новинарите ќе им се обрати кандидатот за градоначалник од СДСМ Охрид, г-динот Александар Петрески. Во тематскиот дел од прес конференцијата, Петрески ќе се осврне на најважните и најзначајните проекти остварени и реализирани во општината во изминатите 4 години во сферата на комуналната инфраструктура, како и на делот од неговата изборна програма што се однесува на оваа област, соопшти прес центарот на партијата.











