Кандидатот за градоначалник на Охрид, Александар Петрески и дел од кандидатите за советници од СДСМ Охрид синоќа остварија предизборни средби со жителите од урбаните заедници Билјанини Извори, Даме Груев и Долна Влашка Маала.

На присутните им беа изложени основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори. Се дискутираше за сите прашања и проблеми на жителите од овие делови на градот, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата.

Денеска во попладневните часови е планирана средба на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од СДСМ-Охрид со жителите од селото Куратица.Веднаш потоа, со почеток во 19:30 часот, ОИШ на СДСМ Охрид ќе одржи
предизборен митинг и во селото Лескоец на кој ќе говори кандидатот за градоначалник, Петрески.

Ohridnews