– Од страна на инвеститорот поднесено е барање за легализација на дивоизградените објекти. Во овој случај не постои можност за позитивен одговор на барањето и легализација на објектите, но должни сме да почекаме да заврши законскиот рок додека надлежните институции се изјаснат и се одговори на барањето. Постапката е во тек и очекувам дека ќе заврши за десеттина дена. По тоа, она што е нелегално изградено, ќе се руши. Очигледно е дека во овој случај е направена узурпација на дел од крајбрежјето и очекувам дека сите надлежни служби заедно ќе го решиме проблемот, објасни Петрески кој кажа дека остварил веќе две средби со жителите и месната заедница на село Трпејца на кои било разговарано за проблемот.
Тој додаде дека било какви протести и блокади се непотребни и само дополнително би ги усложнале работите.