– Деновиве сме сведоци на некакви анкети кои немаат цел да ја прикажат сликата на теренот туку се користат само за да се заплашуваат граѓаните кои на т.н. анкета ќе одговорат дека ќе гласаат за Александар Петрески. На таквите кои ќе одговорат дека ќе гласаат за мене им се закануваат со отпуштање на работните места. Ги повикувам граѓаните да не одговараат на таквите анкети– рече Петрески.
Петрески обвина дека се одземени некоку возила на жители на Велгошти кои се користат за транспорт на дрва до потенцијалните гласачи.
– Преку ден садат дрва, а утредента ги сечат и ги купуваат гласовите, рече Петрески.
Изградбата на базенот, марината и пристаништата се на земја која е во сопственост на Р.Македонија и не се во надлежноста на локалнната, исто така земјата каде што треба да се гради пазарот и автобуската станица се сопственост на РМ, додаде Петрески.
Досегашниот дел од кампањата Петрески го оценува како мирен и не очекува да се заостри реториката.











