„Денеска затворија уште 10-тина фирми, сите оние каде што сум влезен во изминативе 10-тина дена. Ги затвораат по разни основи, а секако без никаков основ. За тоа време во Косел и други делови на градот шетаат непознати и неовластени лица и делат решенија за даноци на имот кој се фалсификат како потпишани од мене, за да направат револт кај граѓаните дека градоначалникот ги оданочил за некој изминати 5 години. Апелирам до сите да не ги примаат тие решенија, бидејќи луѓето не се овластени за таа работа и тоа е уште едно злодело од делата на Никола Груевски.“ – изјави кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината, Александра Петрески, на денешната прес конференцијата.
Тој истакна дека упатени се писма до американската амбасада и канцелариите на Европската Унија и ОБСЕ, за да се испратат екипи со цел мониторинг на изборните нерегуларности.
„Затоа што веќе во изминативе два дена, се прави ршум низ градот од полициските служби, било во униворма било без униформа, како и од иснпекциите на УЈП, Пазарната инспекција и други служби кои се под централна власт. Неколку наши сограѓани вчера беа тепани од полициските служби. Директорот на пазарна инспекција се јавува со закани по дуќаните дека ќе им ги затвори, како и директорот на Националниот парк и сите службени лица кои се во државната управа под надлежност на централната власт. Се повикуваат наши сограѓани во хотелот Милениум, каде екипите на Гебелс гисослушуваат и ги убедуваат, за на крај да им се заканат да преминат да работат за нив. Затоа го барам мониторнигот веднаш да дојде, затоа што изборниот процес може да биде фер и демократски ако во предизборието имаме фер камапања. Не може изборите да бидат регуларни, ако сите овие работи се случуваат, ако во Факултет за информатика се печатат лични карти, а во недела ако било мирно, да бидат изборите фер. “ – истакна Петрески.
Тој упати критика кон противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ поради откажувањето на дуелот, истакнувајќидека во еден демократски свет секогаш имало место за полтички дуели.
„Во однос на дуелот, се откажаа и мене не ми е чудно затоа што ниту Никола Груевски излегува на дуел, ни пак Никола Бакрачески. Не им е само заедничко името. И со Никола Тодоров имаат многу заеднички работи. Не излегуваат на дуел не само во Охрид, ниту во Битола, Прилеп ни никаде. Тоа не е бокс меч, тоа е дуел на мислења и разговори. Секаде тоа го има во нормалниот свет. Но ние сме нормална држава.“ – потенцира Петрески.
Кандидатот за градоначалник од редовите на „Сојуз за иднината“, истакна дека ги цени останатите доктори во Охрид, кои немаат право да прозборат.
„Јас кажав, ако нечии рацее се извалкани, тоа се рацете на двајцата доктори, Никола Бакрачески и носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Останатите доктори ги ценам затоа што се поштени и фер, но не смеат да прозборат. Во Охрид имаме извондредни доктори како д-р Диел и д-р Гиновски кои се значително поспособни од тие што се рекламираат. Меѓутоа задачата на Груевски, Тодоров и Никола Бакрачески не е да бараат лебарки по болниците. И тоа што беше единствена светла точка во здравството во Охрид, го уништија.“ – додаде Петрески.
О.Т.











