Претставниците од училиштата од Словенија, Црна Гора, Србија и скопската општина Карпош, учесници на образовниот камп „Боите на светлината“ кој го организира ОУ „Свети Климент Охридски“, остварија средба со градоначалникот Александар Петрески, кој им посака топло добредојде и изрази надеж за долгогодишна соработка во областа на образованието.

– Ваквите кампови организирани од училиштата се голема придобивка за младите генерации. Средбите помеѓу учениците ќе бидат од голема полза за запознавање на меѓусебните култури, традиции и обичаи – истакна градоначалникот Петрески.

Камппот чиј домаќинн е ОУ Св. Климент Охридски завршува утре, а во рамки на четиридневниот камп се оддржаа бројни работилници, концерти и дебати.

OhridNews