Кандидатите за градоначалник на Охрид, Александар Петрески -СДСМ, Томе Гиноски – ВМРО НП и Боро Павлоски – ЛДП, денеска засадија дрвца во паркот на градскиот кеј, со што како што рекоа симболично даваат поддршка на заштитата на животната средина.


– Дрвцата кои ги засадивме се надевам дека ќе растат успешно за разлика од тие кои се садеа изминатите пати на локации кои не беа стручно и соодветно избрани, рече Александар Петрески.Затоа, додаде Петрески,  јас не учествувам во денешната акција „Ден на дрвото“ денеска, бидејќи Владата ја злоупотребува за своја кампања. „Не можам да прифатам Владата дење да сади дрвца а ноќе да сече дрва и да поткупува граѓани за гласови“, рече Петрески.


Кандидатот за градоначалник од ВМРО НП, Томе Гиноски, изрази надеж дека идниот градоначалник на Охрид ќе се цени по тоа колку дрва нема да пресече и колку зелени површини нема да уништи, како и по придонесот за екологијата во градот.


Денеска е Летник, и според верувањето што ќе направиме денес ќе биде така цела година, и затоа на овој начин со садење дрвце  упатуваме симболична порака за зачувување на животната средина, рече кандидатот за градоначалник од ЛДП, Боро Павлоски.

Ohridnews