Охридскиот фудбал сезонавa претпре крах. Прволигашот Охрид 2004 го загуби статусот, додека второлигашот Охрид Лоте не го доигра шампионаот и по автоматизам е префрлен во најнизок ранг. Градоначалникот Александар Петрески истакна жалење за настанатата ситуација.


Сакам да изразам жалење што два тима годинава се преселија во понизок ранг. Ние како општина Охрид го подржуваме спортот, но за професионализам потребни се исто така вложувања од компании кои сакаат да го водат и да му помогнат на спортот – рече Петрески.


И покрај тоа што беше најавуван како сериозен проект “Охрид Лоте“ по само две години во втората лига се збогува со натпреварите и замина во историјата.

– Изостана заинтересираноста на сопственикот на клубот, несреденоста во Управата доведе до испаѓање на клубот. – истaкна Петрески


Ниту клубот кој има поголема традиција не успеа да одговори на предизвикот. Петрески посакува моделот за ФК Вардар, да се примени и во Охрид.
Видовте што се случи со Вардар, кој лани испадна, а годинава стана македонски првак. Градот Скопје влезе во организицата на клубот и презеде дел од финасирањето. Ние како локална самоуправа сакавме да влеземе во Управниот Одбор и да влеземе во организација на клубот, но таканаречените газди не се сложија со тоа. Во иднина повторно ја даваме таа понуда, и доколку тие што го водат клубот се сложат, Охрид повторно ќе има прволигаш– заврши Петрески .

М.П.