„Кампањата во изминативе 19 дена ја водевме позитивно, без ниски удари и остававме други  да  да се занимаваат со нас, а не ние со нив. Не подлегнавме под разните закани, уцени, притисоци и провокации и останавме свои на своето-да ја водиме кампањата онака како што ја  планиравме транспарентно и  секогаш отворени за јавноста“, ова беше обраќањето на портпаролката на СДСМ-Охрид, Лидија Апостолоска, на денешната завршна прес-конференција.

Апостолоска изрази уверување дека ваква кампања нема да се води понатаму, бидејќи, како што рече,  нема да има втор круг зашто токму нашиот кандидат за градоначалник, Александар Петрески веќе во недела на првиот круг  од гласањето ќе биде избран од електроратот за градоначалник.

„Немавме бомбастични слогани вооднос на на што го нудиме како опција, зашто имаме минато кое покажа дека  имаме спобност, храброст и доблест да се справуваме со проблемите во Охрид“, кажа во завршната изјава, носителот на советничката листа од СДСМ, Бранислав Трпчевски.

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Александар Петрески на завршната средба со новинарите, низ слики покажа што затекнал прет неговиот прв градоначалнички мандат и што направил во текот на вршењето на градоначалничката функција.

Петрески им порача на граѓаните, се што им дава власта да земаат зашто, како што рече, тоа се пари од граѓаните, а на денот на изборите да гласаат по сопствено убедување.

„Граѓаните имаат одбрано градоначалник, само треба да си го зачуваат“, подвлече Петрески.

Ohridnews