По повод  одбележувањето на 21- ви  декември – Денот на наставата на турски јазик во Македонија, градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески, испраќаат заедничка  честитка до припадниците на турската етничка заедница во Охрид.

–  Во Охрид пред 67 години во училиштето „Братство-Единство“ е возобновено образованието на турски јазик во Охрид и Македонија.Тоа е ден на вашиот мајчин јазик што е нераскинлив белег на вашиот национален идентитет ,тоа е нешто свето кое мора да го почитуваме и ние како ваши сограѓани.Нека Ви е честит овој голем празник и ваквите празнувања нека го подобруваат и онака добриот меѓуетнички соживот во Охрид – се вели во заедничката  честитката на градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески, упатенаа до турската етничка заедница во Охрид.

OhridNews