Горан Петрески поднесе оставка на тренерската функција во ФК Работнички. По поразот во дербито против Вардар со 2-1, што беше петти пораз во низа популарниот Чунга Лунга ја понуди својата оставка до челниците на клубот. Истата беше веднаш и прифатена.


За негови наследници во јавноста се споменуваат имињата на поранешниот селектор Ѓоре Јовановски и доскорешниот стратег на Металург Жикица Тасевски.

Во шампионатот следува пауза, по што тимот на Работнички гостува кај Шкендија.

фото Екипа.мк
Ohridnews