Петрески им порача на младите охриѓани да го следат примерот на Ѓоковиќ
06.07.11 00:05
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески во својот кабинет ги прими младите охридски фудбалери кои во светло издание се прикажаа на фудбалскиот Јонатан куп во Унгарија. Младинците на Охрид го освоија третото место, додека фудбалерите на Еврофудбал завршија како второпласирани во својата конкуренција.
– Ви посакувам да бидете успешни фудбалери и еден ден да го облечете дресот со македонскиот национален грб. Дека секој детски сон може да се оствари е последниот пример со српскиот тенисер Ѓоковиќ кој видовте неодамна триумфираше на Вимблдон, исполнувајќи го својот сон. Само со посветена работа може да се стигне до еден таков успех – рече Петрески.
Претставниците на охридската фудбалска школа укажаа на можноста Охрид да биде домаќин на еден таков фудбалски турнир на кој учество би зеле повеќе екипи од нашето опкружување.
– Охрид со својата околина има одлични капацитети да организира таков турнир кој би привлекол и реномирани фудбалски екипи. Идеален период за организација на таквото натпрварување би бил месец јуни, по завршувањето на школската година – истакна координаторот во школата, Данчо Целески.
“Следете го вашиот сон“ – им порача Петрески на младите фудбалери
Во Влашка маала во Охрид, каде што живееше Антонио Савевски, се изработи мурал со неговиот лик, во знак на почит и траен спомен на младиот кошаркарски тренер и голем вљубеник во спортот Иницијатива...
Во изминатиот период работевме и како локална и централна власт на решавање на повеќе прашања поврзани со проектот за затворениот базен, а најголем дел од измените се однесуваа на машинското одделе...
Владата на вчерашната редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализациј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.