Од 60 обработени избирачки места, податоците на Аналитичкиот центар на СДСМ говорат дека нивниот кандидат за градоначалник има освоено 11 239 гласови, додека кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче 10 479, или разлика од 760 гласа.

Ацо Попоски од НСДП, според неофицијалните информации на СДСМ, има освоено 2024 гласа, Томе Гиноски од ВМРО НП 944, Васфи Доко од Нова Демократија 397 и Боро Павлоски од ЛДП 363 гласа.

За советничка листа од 35 избирачки места, ВМРО ДПМНЕ има освоено 4 206, СДСМ, 3506, ВМРО НП 1289, НДП 797, Листа на Владо Цветкоски 746, ПЕИ 651, Листа на Љупчо Нечкоски 412, ЛДП 398, Листа на Петре Петрески – Калимеро 392 и ВМРО ДП 350 гласа.

Од 43 избирачки места од гласањето за претседател на државата, Љубомир Фрчкоски освоил 4502 гласа, Ѓорѓе Иванов 6939, Љубе Бошкоски 3268, Имер Селмани 986, Нано Ружин 596, Агрон Буџаку 100 и Мируше Хоџа 61 глас.

Овие избори покажаа дека охриѓани знаат и сакаат да и веруваат на општината, а не на лагите и лажните ветувања, изјави претходно синоќа, кандидатот за градоначалник, Александар Петрески.

Охриѓани докажаа дека знаат да ја ценат работата во изминатите 4 години, знаат да ја ценат пожртвуваноста и искреноста и им благодарам за поддршката. Од досега пбработените податоци се покажува трендот дека победата ќе биде уште поубедлива и им благодарам на граѓаните што веруваа во мене во изминатиот период и што ќе веруваат во мене и во наредните 4 години, рече Петрески.

Ohridnews