“ До колку до среда не добиеме јавно извинување за лагите и невистините  упатени  на наша адреса, општина Охрид ќе ги укине сите бенефиции кои ФК Охрид 2004 ги има на располагање“ – истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески на денешната пресконференција како реакција на изјавите на челните луѓе на ФК “Охрид 2004“. 



“Општина Охрид покрива речиси 50 проценти од буџетот на клубот, и тоа преку согласноста која ја доби клубот за обезбедување и користење на терените без надохнада, како и обезбедување на превоз на гостувањата. Наместо да бидат благодарни за сето тоа што ние го правиме тие шират клевети и невистини.  “  – потенцираше Петрески.

Градоначалникот напомена дека пред стартот на сезоната во неколку наврати имал средби со челните луѓе на клубот не не` успеале да најдат заеднички јазик. – Разговаравме со челните луѓе на ФК Охрид , но за општината да  влезе во тој проект потребно е да бидеме дел од Управните структури на клубот. Ние немам намера без наше сознание и увид во таа работа да да даваме пари, а некој да мести натпревари и да ги пика парите в џеб. Понудив слична соработка како онаа на советот на град Скопје и ФК Вардар и сакав да го употребам тој модел, но до ден денес одговор не добив. – рече Петрески.

Фудбалскиот клуб Охрид 2004 , причините за својата неуспех да ги бара во сопствените редови, а не во сите околни фактори, побара директорката на ЈП “Билјанини Извори“ Гордана Јованоска. – Нашето ЈП и покрај тешката финасиска ситуација во која се наоѓа им подаде рака и без никаков надомест ги ползуваат нашите услуги. Тие за своите мечеви наплаќаат влезници, и имаат некаков маркетинг на стадионот за кој наплаќат. Ние иако тие средства ни се неопходни се имаме откажано од нив. Жалосно е тоа што раководните луѓе во клубот повеќе ги интересираат личните интереси отколку добросостојбата на клубот – рече Јованоска.

Ohridnews