Ни на крај памет не ми паѓа да поднесам било каква кандидатура, стојам цврсто позади одлуката на СДСМ и нема да отстапам ни милиметар од нашите барања.“ – вели градоначалникот на Охрид Александар Петрески, за „Макборба.“

Како што пренесува овој медиум, Петрски истакнува дека борбата за демократијата во земјава ќе продолжи во идниов период.

Кандидатура нема да поднесам ,оваа власт мора да падне кога -тогаш ,а јас сум сериозен политичар кој се борел и ќе се бори за интересите на охриѓани и Македонија. Еден ден, ние сите ќе бидеме горди дека застанавме на браникот на демократијата и слободата на Македонија.“ – изјави Петрески за овој медиум.

OhridNews