ОИШ на СДСМ Охрид денеска во 13 ч. ќе ја одржи својата последна редовна прес конференција пред молкот за вториот круг од изборите, на која на новинарите ќе им се обрати кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Александар Петрески.

По неговото обраќање до јавноста, кандидатот Петрески, со Коалицијата на еколошки и граѓански организации од Охрид, ќе потпише Декларација за стратешките еколошки и урбанистички цели на локалната самоуправа и Меморандум за соработка и унапредување на граѓанското демократско општество на локално ниво во Општина Охрид, информираат од партиската прес служба.

Ohridnews