
-Трката за градоначалничко место продолжува и во вториот круг. Ние и понатаму продолжуваме со фер и демократска кампања, исто како што се однесувавме и во првиот круг, рече Петрески. За жал, додаде Петрески, тоа не можам да го кажам за ВМРО ДПМНЕ, кои иако знаеа дека губат по наредба на пратеникот Александар Николоски, славеа.
-Лажат цело време, лажеа и за време на кампањата, лажеа и синоќа дека водат или победиле и овој пат очекувам за разлика од пред 4 години достоинствено да го прифатат поразот. Очекувам триумфално да бидат победени и да ми ја честитаат победата, а кој точно броел ќе покаже ОИК, рече Петрески.
Иако разликата помеѓу Петрески и Нанче не е голема, кандидатот на СДСМ, верува дека ќе победи и во вториот круг. „Секоја победа е победа и очекувам тие кои во првиот круг не ми ја дадоа подршката тоа да го направат во вториот круг, а предноста од околу 800 гласа е значајна со оглед на гласачкото ткиво во Охрид“, вели Петрески.
Петрески најави дека денеска ќе се сретне со неговите против кандидати кои не изборија пласман во вториот круг од локалните избори.











