Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во Скопје имаше средба со македонските  кошаркари на кои им го честита големиот успех на Европското првенство и учествуваше на нивната забава.

Кошаркарите му се заблагодарија на градоначалникот Петрески за поддршката што постојано им ја дава Охрид . Тие посебно се задоволни што им беше овозможено подготовките на репрезентацијата да се одвиваат во спортската сала во Охрид.

Градоначалникот Петрески на кошаркарите им рече дека секогаш ќе бидат добредојдени во Охрид и  за нив ќе бидат отворени вратите на спортските објекти. Додаде дека охриѓани се радуваа на нивните победи на Европското кошаркарско првенство  и дека нетрпеливо ги очекуваат на средба во Охрид.

Ohridnews