Градоначалникот Александар Петрески, кој кратко време по избивањето на пожарот на улицата „Климентска“, пристигна на местото и лично го следеше гаснењето на огнената стихија, со ветување дека локалната самоуправа ќе помогне при санирањето на штетата од пожарот и обновувањето на куќата на семејството Скендерови.

– Веднаш размислуваме како на тоа семејство да му помогнеме, јас гарантирам дека помошта ќе биде најмал проблем и пред зимата ќе помогнеме куќата да се обнови, да се замени покривот и сите други оштетени работи, рече Петрески.

Градоначалникот им се заблагодари на охридксите пожарникари за навремената интервенција и нивната професионалност со што се спречило настанување на уште поголема штета.

OhridNews