Мостот на желбите , кој во синоќешното невреме претрпе големи оштетувања, набргу ќе биде саниран, вети градоначалникот Александар Петрески.Како што рече , уште во текот на денот биле преземени активности за санација на мостот. 

Петрески при тоа, ја повика владата и ЕЛЕМ под итно да преземат мерки за регулирање на истекот на водата од езерото во Црн Дрим за да не дојде до поголеми штети како резултат на зголеменото ниво на водата во езерото, кое во моментов се наоѓа на 4 сантиметри над максимално дозволената кота.

– Со врнежите од дожд и топењето на снегот од околните планини  може да дојде и до поголеми штети, како пред неколку години. Да се здружиме заеднички, да преземеме активности за да не дојде пак да редиме вреќи со песок и да правиме смешки пред домашната и меѓународна јавност, рече Петрески. 

Т.К.