На покана на г-динот Ерван Фуере, претставникот на ЕУ во Република Македонија, кандидатот за градоначалник од СДСМ Охрид, г-динот Александар Петрески денес ќе присуствува на заедничкиот организиран состанок со останатите кандидати за градоначалници од политичките партии во Охрид, што ќе се одржи во Хотелот Инекс Горица во 16:00 часот. Потота, со почеток во 18:00 часот, во големата сала на Општина Охрид, кандидатот Петрески ќе одржи средба со претставниците од Здружението на телесни инвалиди во Охрид, соопшти изборниот штаб на партијата.
Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности за денес, 03.03.2009 година, кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид вечерва ќе ги посетат и ќе остварат предизборни средби со жителите од Горно и Долно Лакочереј, Орман и Радојца Новичиќ. Во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните ќе бидат презентирани основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните претседателски и локални избори, а предвидено е да се дискутира за сите отворени прашања и проблеми, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата.
Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности за утре, 04.03.2009 година (среда):
– во 11:00 часот ќе биде одржана редовната прес конференција во просториите на седиштето на ОО СДСМ Охрид;
– во 17:30 часот, на платото пред ТИНЕКС кај трговскиот центар „Трудбеник“, ќе биде одржан јавен собир (трибина), на кој на присутните ќе им се обратат г-дин Јани Макрадули, потпретседател на СДСМ и г-дин Александар Петрески, кандидат за градоначалник од СДСМ Охрид;
– во 20:00 часот, во големата сала на Општина Охрид, во организација на Локалниот клуб на жени од СДСМ Охрид, ќе биде одржана стручна трибина на тема „Болести на дојката кај жените – информирање, рано откривање, превенција и лекување“.
Ohridnews











